Актерот Метју Пери починал од „акутни ефекти на кетамин“


Актерот Метју Пери починал од „акутните ефекти на кетаминот“, седатив кој понекогаш се користи за лекување на депресија, а беше откриено дека давењето и срцевите заболувања се фактори кои придонесуваат, објави во петокот во Лос Анџелес, Канцеларијата на окружниот медицински истражител.

Педесет и четиригодишниот Пери, најпознат по улогата на Чендлер Бинг во хит телевизиската серија „Пријатели“ од 1990-те, беше пронајден безживотен во џакузито на неговиот дом во Лос Анџелес на 28-ми  октомври.

- Реклама -