Актерот Џош Холовеј се приклучува на новата „Мисија: Невозможна“ (видеа)

Повеќе...Џош Холовеј, кој го толкуваше ликот на незаборавниот Соер од серијата „Изгубени“, ќе биде дел од четвртиот дел на „Мисија: Невозможна“. Неговиот лик беше еден од омилените ликови во серијата, па би било убаво да видиме дали ќе успее и како филмски актер.


Џош Холовеј, кој го толкуваше ликот на незаборавниот Соер од серијата „Изгубени“, ќе биде дел од четвртиот дел на „Мисија: Невозможна“. Неговиот лик беше еден од омилените ликови во серијата, па би било убаво да видиме дали ќе успее и како филмски актер.

josh-holloway-mission-impossible1Џош Холовеј моментално е во преговори за неговата прва филмска голема улога, како член на тимот Impossible Mission Force, тим на тајни агенти предводени од Том Круз. Откако заврши популарната серија „Изгубени“ на ABC, ова му е една од првите работни задачи на Холовеј – филмот „Мисија: Невозможна 4“ на Paramount.

Ако преговорите се успешни, Холовеј ќе се приклучи веќе познатата екипа на режисерот Бред Бирд – Том Круз, Џереми Рајнер, Пола Патон, Владимир Машков, како и актерите од претходните делови – Винг Рејмс и Сајмон Пег.
Деталите за приказната се држат во голема тајност, а исто така и нема никакви информации за ликот на Холовеј.

Џош Холовеј е добро познат на Џ.Џ Абрамс, продуцент на „Мисија: Невозможна 4“ и креаторот на серијата „Изгубени“. Исто така, сценариото за најновата невозможна мисија го пишуваат  Андре Немек и Џош Аплбаум, кој моментално ја пишуваат и новата серија со Бен и Лок од „Изгубени“.

Филмот би требало да има премиера на 16 Декември. Ќе биде прв голем филм за Џош Холовеј, кој шест сезони го толкуваше ликот на анти – херојот Соер, односно Џејмс Форд. Иако тој имаше улога во филмовите „Stay Cool“ и „Whisper“ (во вториот главна улога), сепак остана незабележителен за филмскиот свет. Се спомнуваше и за ликот на Гамбит во „X-Men Origins: Wolverine“, но таа улога припадна на друг актер. Наместо него, Чарли од „Изгубени“ беше дел од екипата од тој филм. Имаше и понуди за други серии кои сакаа да бидат копии на „Изгубени“ и да се снимаат на Хаваи, но тој паметно ги одби.

Ликот на Соер во „Изгубени“ е можеби и најинтересниот, бидејќи ликот каков што го познаваме воопшто не ни бил така планиран. Продуцентите барале актер кој ќе биде среден, избричан и облечен во одело – бидејќи ликот на Соер требало да биде отмен измамник. Џош Холовеј, кој претходно имаше мала улога во „CSI: Las Vegas“ и снимано неколку реклами, му се смачило од такви продуцентски правила и на кастингот отишол облечен во фармерки и маичка, брадосан и неишишан. Кога почнал да го зборува неговиот дел, го заборавил текстот, па од нервоза го земал столчето и го фрлил на другиот крај во собата. Продуцентите и директорите за кастинг кога го виделе тоа, си рекле „ова е тоа што ни треба“ и улогата на Соер му припаднала на Џош Холовеј.

Кога серијата почнала да се снима на Хаваи, Џош наместо да зборува со неговиот оригинаен јужначки акцент се обидувал да зборува чист англиски, но Џ.Џ Абрамас му рекол дека неговиот јужначкиот акцент е една од причините кои улогата му припаднала баш нему. Останатото е историја: неговиот лик стана омилен на многу фанови на серијата, доби голема популарност и беше дел од големиот љубовен триаголник на серијата. Тука можете да видите дел од неговата аудиција, како и компилација на сите прекари и пцости кои тој ги кажа во серијата. Уживајте – и нека му е со среќа:)

Дел од аудицијата
{youtube}JQAuzBEple8{/youtube}
Прекарите на Соер
{youtube}or_BGsW7Mgg{/youtube}
{youtube}ODByPPenRYk{/youtube}
Пцостите на Соер
{youtube}xA8Xkf-2UbE{/youtube}

П.С: Џек, Чарли, Хуго и многуминна други актери – сите се пријавиле за улогата на Соер.

- Реклама -