Ова е тема која ги интигрира мажите со години, особено затоа што проблемот не е мал. Како да препознаете дали девојката глуми оргазам?
Истражувањата наведуваат дека секоја жена барем еднаш глумела оргазам, а речиси половина посегнуваат по овој метод многу често. Освен што не сака да го убие вашето его, постојат и многу други причини поради кои што таа глуми.
Една од тие причини може да биде и алкохолот кој што го конзумирала. И додека некои жени тврдат дека алкохолот ги опушта, факт е дека тој ја намалува сексуалната желба. Потребно им е подолго за да дојдат до оргазам, ако воопшто можат да го постигнат. Можеби таа смета дека ќе ве разочара доколку не допре до врвот. Исто така, таа може да мисли дека сексот со неа ќе го карактеризирате како лош, доколку не доживее оргазам за време на чинот. Во случај да е заморна и загрижена шансите за врвот се исто мали.
Вистински задоволената жена ќе посака да остане во вашата прегратка.
А како да препознаете глумица? Жените едноставно не можат да глумат навлажнетост. Доколку произведува доволно сопствен лубрикант, можете да бидете сигурни дека ужива. Затоа, ако на стратешкото место почувствувате дека е сува, таа не е возбудена. Доколку не се забавува, веќе ќе смисли начин да се извлече од креветот. Еден од нив е брз оргазам, после кој што нема никаква емоција и голема желба, да ве оттргне и да излезе од креветот.
Ќе знаете дека навистина ужива кога ќе и порасне телесната температура, усните ќе и подат потемни од обично. Ќе има контракција на мускулите,а клиторисот ќе биде зголемен. Градите исто ќе имаат реакции. Ова се нешта кои што ниту една жена не може да ги контролира, затоа ќе ве оснесат во вистинската насока.