Новата серија „The Flash“ ќе започне да се емитува од 7 октомври, но она што ја „купи“ јавноста е тоа што ќе обедини двајца главни актери од популарната серија „Prison Break“ што се емитуваше од 2005-та до 2009-та година, пренесува aceshowbiz.
Стануваа збор за Вентворт Милер и Доминик Парсел кои добија улоги во претстојната серија на CW.
Ликот што го толкува Вентворт Милер во „The Flash“ за прв пат ќе се појави во четвртата епизода од серијата, додека пак Парсел на кого му е доделена улога на негативец ќе се појави малку подоцна, но потврдено е дека ќе учествуваат заедно во десеттата епизода.
Ова ќе биде нивно прво заедничко појавување по завршувањето на „Prison Break“.