Актер од Пиратите од Карибите почина по напад на ајкула


Актерот Тамајо Пери од Пиратите од Карибите почина откако беше нападнат од ајкула додека сурфаше на Хаваи, објави BBC.

Четириесет идветгодишниот актер починал во неделата попладнето, потврди итната слуќна на Хонолулу на прес-конференција.

Службите за итни случаи биле повикани на плажата Малакахана околу 13:00 часот по локално време. Но, Пери, кој, исто така, бил спасител, бил прогласен за мртов од болничарите откако бил донесен на брегот со џет ски.

Пери глумеше во „Пиратите од Карибите: Непознати плими“, четвртиот филм од франшизата.

Во филмот од 2011 година, кој ги следи авантурите на Џони Деп како ексцентричниот пират капетан Џек Спароу, глумат и Пенелопе Круз и Џефри Раш.

- Реклама -