Постојат многумина кои не можат да го прифатат фактот и да признаат дека се во лоша и штетна врска која „рокот на траење“ истекол. Ви ги откриваме петте најочигледни знаци кои се индикатори дека треба веднаш да продолжите понатаму.
Никогаш не е доволно добро
Партнерот на секоја ваша постапка има замерка. Секогаш можело многу подобро од тоа што сте го направиле. Тоа значи дека ве омаловажува и дека не ги цени вашите постапки, а со тоа и вас како личност.
Сè се врти околу него
Тој и неговите потреби се секогаш во прв план. Се разбира дека и вие имате чувства, но тој едноставно не ги слуша и не им обрнува внимание. Дури и да дојде до ситуација во која се започне разговор за вас, тој набрзо ќе најде начин да ја сврти темата и повторно себеси да се стави во прв план.
Среќните моменти се ретки или непостоечки
Секој ден е нов предизвик. Се чини како да сте постојано преиспитувани. Неговиот обид да го контролира вашето однесување е обид да ја држи под контрола и вашата среќа. Во исто време, се фокусира на негативните работи со кои прави да се чувствувате мизерно и несреќни, како што најверојатно и самиот тој се чувствува така но не сака да признае.
Глумите
Не ви е пријатно пред него да бидете она што навистина сте и да кажете што навистина мислите. Се чувствувате дека сте се претвориле во некој друг, не покажувајќи го своето вистинско лице пред него. Дали воопшто сте свесни дека ни самите себеси не можете да се препознаете?
Не напредувате и не ја развивате својата личност
Имате чувство дека не смеете да напредувате во размислувањата и да работите на својата личност и карактер, бидејќи секоја промена кај вашиот партнер предизвикува потсмев и неверување, наместо да ви даде поддршка и охрабрување за вашите напори.