Што ако Супермен се родеше во 16-ти век? Што ако Хулк беше гроф? Саша Голдбергер е фотограф што си ги поставува овие прашања. Оттаму и неговата фото серија Super Flemish.
На прашањето колку било забавно, Голдбергер одговара: „Беше неверојатно, како да ти се остварил сонот. Го гледаш Хулк пред себе и го замолуваш да изгледа романтично, тоа е лудо. Џокерот исто така беше многу импресивен. Издржа 3 часа шминка и почна да глуми како Хит Леџер во филмот“.