Студентскиов дом во Париз беше предвиден за реновирање, но пред да се случи тоа, им го препуштија во раце на 100 улични уметници. Тоа се оствари во рамките на урбаниот фестивал Rehab 2, кој во Париз ќе трае од 16 јуни до 16 јули. На уметниците им беа дадени цели три недели, и одврзани раце да прават што и да им наложи фантазијата.
Резултатот е ова во продолжение. Студентскиот дом сега е претворен во изложба отворена за јавноста, која, за жал, ќе трае ограничен период, поради закажаната реновација. Тоа значи дека сето ова ќе го снема. Ама барем ќе го посведочиме и ќе живее преку сликиве.