Доколку Србија не го признае Косово, ќе се случи вojна, вели поранешната шефица на преговарачкиот тим на Приштина во дијалогот со Белград – Едита Тахири, пренесува „Танјуг“, повикувајќи се на приштинскиот „Лајм“.
Тахири ова го изјавила на собирот насловен „Пат кон конечен договор меѓу Косово и Србија“, одржан во Приштина. Во обраќањето, Тахири додала и дека „Косово и Србија не се двете Германии“.
Според Тахири, дијалогот меѓу Белград и Приштина не бил прекинат поради воведувањето на таксите за производите од централна Србија. Вистинската причина била, како што истакнала таа, тоа што „Косово било во опacност“.