Ако системот за паркирање погреши – ќе плати Volvo?

Целосното автономно придвижување на еден автомобил од точка А до точка Б се уште не е можно, но повеќето производители веќе нудат систем за паркирање без учество на возачот. Многумина не верувате во ова, но во Volvo се максимално сигурни во активностите на системот.

Претседателот на Volvo Cars, Хакан Самуелсон, најави дека неговата компанија има целосна доверба во сите електронски асистент системи во своите автомобили. Ако при паркирање се дојде до инцидент поради користените технологии, Скандинавскиот производител е подготвен целосно да ги преземе трошоците за поправка на оштетениот автомобил.


– Тоа е најсигурниот начин да им се покаже на луѓето дека хај-системот работи сигурно и без грешки. Со ова дејство продолжуваме да ја следиме нашата стратегија која предвидува во 2020 година да нема ниту еден несреќен случај во сообраќајна несреќа со автомобил на Volvo. Тука не вклучуваме само смрт на некој од патниците во автомобил, туку и повреди, додека сите асистент системи за безбедност се активирани, објасни Самуелсон.


Воопшто 2020 година ќе се покажа решавачка не само за Volvo, туку и за други производители. Еден од нив е Toyota, од каде најавија дека и тие тогаш ќе покажат сериски системи за беспилото управување.

- Реклама -