Ако сакаш секс оди на факултет, ако сакаш образование – во библиотека

Френк Запа е композитор, гитарист, режисер, продуцент.

Во текот на својата триесетгодишна кариера создаваше рок, џез и музика за оркестар. Освен тоа секогаш мудро го изразуваше своето мислење за голем број теми. Издвојуваме дел од неговите размисли:

frenk-702x336

-Ако сакаш секс, иди на факултет. Ако сакаш образование, иди во библиотека.

-Умот е како падобран. Ако не е отворен, не работи.

-Џезот не е мртов, само мириса чудно.

-Новинарот: Значи, Френк, имаш долга коса. Дали тоа те прави жена?

Запа: Ти имаш дрвена нога. Дали тоа те прави стол?

-Ако живееш здодевен, тажен живот затоа што си ги слушал мама, тато, наставникот, некој тип на ТВ кој ти раскажувал што треба да правиш, тогаш си заслужил.

-Постојат повеќе песни за љубовта, отколку за било што друго. Да можеа песните да не натераат да направиме нешто, сите ќе се сакавме“.

Frank Zappa (27), leader der "The Mothers of Invention", einer Rock-Gruppe, die wegen ihrer drastischen Kritik an amerikanischer Politik auf dem Index der US-Sender stehen, besucht Hamburg am Wochenende mit seiner Gruppe zu einem zweistuendigen "shock -in" (AP-Photo/ESH) 5.1.1968

-Да земеме Кама Сутра и Библија. Колку луѓе умреле поради Кама Сутра, а колку поради самата Библија. Кој победува?

-За мене, апсурдот е единствената реалност.

-Без музиката која го краси, времето би било само куп рокови за производство и датум за исплаќање на сметки.

-Информацијата не е знаење. Знаењето не е мудрост. Мудроста не е вистина. Вистината не е убавина. Убавината не е љубов. Љубовта не е музика. Музиката е најдоброто нешто на светот.“

- Реклама -