Ако сте во депресија по неуспешните врски или пак барате долго време соодветен партнер, можно е одредено време да сте го оставиле сексот настрана.
Како да се вратам кон сексот по долга пауза?
Сексуалниот нагон е природна потреба на организмот. Сепак, многумина имаат забележано дека кога долго немаат секс, либидото може да биде прилично намалено, односно во услови на апстиненција либидото прво се зголемува, но потоа почнува да опаѓа. Кај мажите овој феномен се манифестира поостро, но кај жените исто така често се забележуваат слични реакции. Времето потребно за транзиција, зависи од индивидуалните карактеристики на човекот. Треба да знаете дека не се само хормоните одговорни за сексуалната активност. Огромно значење имаат и нервниот систем и психата. При подолги паузи сексуалните функции можат да ја загубат активноста. Покрај тоа човекот буквално „губи кондиција”, па организмот до одреден степен „заборава” како е да се има секс. Според сексолозите тоа значи дека телото го заборава процесот, а вие самите заборавате за тоа дека некогаш сте можеле да бидете сексуално привлечни за некого. Сепак, не е воопшто тешко повторно да се навикнете на слатките задоволства.
Како да се прилагодам по тешка разделба?
Тешките разделби и штетат на самодовербата, а подоцнежниот недостаток на секс буди уште повеќе сомневања. Колку сте привлечни? Добро ли изгледа вашето тело? Сепак последните „докази” за сексапил ви беа дадени толку одамна што споменот за нив веќе не може да ја одржи вашата верба во себе, велат психолозите. Покрај тоа човек може да доживува страв да не „ му помине возот” за она што сака да го направи. Прекините во половиот живот по правило имаат свои конкретни причини и враќањето кон сексуалната активност не секогаш доаѓа лесно. Понекогаш намаленото либидо исто ја усложнува „сексуалната рехабилитација”. Постојат голем број причини за намалување на сексуалната желба. Тие можат да бидат психички, на пример депресија, анксиозност, фобии, психолошки трауми и последици од репресивно сексуално воспитување. При тоа либидото може да опадне и поради физички причини – хормонални нарушувања и гинеколошки заболувања. Може да се каже дека секоја една болест (особено оние поврзани со болка) ја намалуваат сексуалната привлечност. Природата не допушта репродукција на суштества кои се во лоша физичка или ментална форма. Може да се каже дека дури и зaбоболот може да го намали либидото.Сепак, треба да се соочите со самите себе и своите стравови. Пред да се впуштите во новата врска сосема расчистете со старата. И не заборавајте можеби сексот ќе ви биде уште подобар од претходно.
Секс или љубов?
Ако зборуваме за сексот како за инстинкт за продолжување на родот, моралната подготвеност за врска се испоставува не помалку важна од самиот физички нагон. Човекот може да доживува страв дека сè ќе се ограничи само до сексот и затоа да продолжи уште повеќе со периодот на сексуалното „затишје”. . Важно е да имате широк круг на познаници, за да не се изгубите во сопствената самотија. Кога конечно ќе сфатите дека критичниот момент е надминат, преземе конкретна акција. Ова секако не значи да се понудите на секој што ќе го сретнете – едноставно трудете се да го подобрите квалитетот на живот. Сигурно ќе имате корист од консултација со сексолог и психотерапевт. Сепак е императив прво да ја повратите својата подготвеност за одржување на врска, вклучувајќи и интимна. Тогаш кога сексот и љубовта се целина вашата психичка и физичка состојба е во совршена положба.