Здрав и долготраен однос не мпже да постои без искреност и взаемна почит меѓу парнтерите.
Ние ви откриваме 15 работи за кои партнерите мора да бидат целосно искрени, ако не сакате вашата врска да заврши.
Не смеете ништо да криете кога станува збор за овие работи:
– Тоа во што навистина верувате.
– Најголемите стравови.
– Што најмногу ве привлекува кај партнерот.
– Што во вашиот интимен однос е добро, а на што треба да поработите.
– Што очекувате еден од друг.
– За што сонувате.
– Финансиската ситуација, без оглед дали е добра или лоша.
– Чувствата и размислувањата за деца.
– Големите животни препреки.
– Најголемиот успех кој сте го постигнале.
– Кого го сметате за вистински пријател.
– Што чувствувате за неговите или нејзините пријатели.
– Омиленото хоби.
– Можете ли навистина да се врзете.
– Што чувствувате кога станува збор за развод.
Кога меѓусебно ги споделите овие „вистини“ тоа ќе ве инспирира за многу разговори и теми. Некои нема да бидат толку пријатни, но барем ќе бидете искрени, а тоа е најважното за вашата врска да успее.