Оваа ограда успеала да соблече, многу повеќе девојки од вас.
На 1 јануари 1999 година една ограда во Нов Зеланд се закити со четири женски градници.
Се уште не е јасно од каде се појавиле тие, но според приказна раскажана од локалните, група жени празнувале Нова Година во блискиот хотел, а потоа одлучиле да и ја подарат долната облека на оградата, денес наречена Cardrona Bra Fence.
Погледот на женска долна облека што се вее од ветрот, инспирирала уште многу жени да се разделат со градниците, со тоа што до крајот на февруари 2000 година нивниот број веќе станал 20.
Веста за декоративната ограда се раширила со неверојатна брзина и по неа започнувале да висат се повеќе градници. Во следните години бројката дошла до илјадници и оградата со самото тоа станала уникатна туристичка атракција.
За жал, не се сите задоволни. Некои ја сметаат Cardrona Bra Fence за грда и срамна глетка, која е потенцијална опасност за возачите кои го користат патот.
Затоа, низ годините оградата многу пати била соголена од својата декорација, но попусто. Градниците секогаш се враќаат во уште поголем број.