– Британија тукушто ја напушти ЕУ.
– Што?! Зошто?
– Никој не знае. Тие едноставно… ја напуштија.
Нема ни потреба да објаснуваме – едноставно, интернет веќе одамна се сложи дека 2016-та е најлошата година во поновата историја. Затоа Friend Dog Studios решија да направат трејлер за фиктивен филм со наслов 2016. Хорор филм, да бидеме попрецизни. „Хорор филм на годината. Буквално.“ е нивниот опис.