Во рамките на континуираните активности за зголемување на редот и безбедноста на сообраќајот, СВР Тетово вчера, на 9 јули, од 17:00 до 21:00 часот, спроведе акциска контрола на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли во Гостивар.
При контролата, откриени и санкционирани се 18 прекршоци. Најголемиот дел – 11, биле за некористење на заштитен шлем-кацига, 4 за управување без возачка дозвола, и 3 за изминат рок на осигурителна полиса.
Против прекршителите се поднесени соодветни поднесоци. СВР Тетово апелира до возачите на мотоцикли навремено да ги продолжуваат осигурителните полиси или регистрации, како и да не управуваат мотоцикли без положен возачки испит. Со тоа, ќе придонесат за личната безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.