Вчера (12.11.2024) во времето од 11 до 14 часот, полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар во содејство со социјални работници од Центрите за социјални работи извршиле акциска контрола за сузбивање на питачењето на тетовско-гостиварското подрачје.
Како што соопшти СВР Тетово во Гостивар во 11.10 часот на булевар ,,Браќа Ѓиноски“ била затекната С.Т.(38) од Прилеп, во 11.30 часот на улица ,,Мајор Чеде Филиповски“ била затекната Е.А.(36) од Скопје и во 10.30 часот на булевар ,,Браќа Ѓиноски“ била затекната М.А.(21) од Скопје. За нив се изготвени соодветни поднесоци и тие се предадени на вработените од Центар за социјални работи- Тетово и Гостивар.
Во 13 часот на улица ,,Илинденска“ во Тетово, била затекната како питачи А.Џ.(22) од Скопје, а во 13.30 часот, на раскрсница од улица ,,Илинденска“ со улица ,,Ѓоце Стојчески“ е затекната како питачи К.Ш.(28) Долна Бањица, гостиварско, која била заедно со две малолетни деца, кои се преземени од социјалните работници.