Акапулко, пред да стане центар на нарко-војните

Akapulko

Минатата година, Акапулко имаше највисока стапка на убиства во Мексико. Во 2014 година, стапката на убиства беше 104 луѓе на секои 100.000. Во САД, за споредба, беше 4.6 луѓе на 100.000. Најтажното е што Акапулко некогаш беше мексиканскиот дијамант и главен град на џет-сетот. Прекрасните плажи беа местото каде Џон и Жаклин Кенеди го поминаа медениот месец, на пример. Френк Синатра го опеа градот во „Come Fly With Me“. Акапулко беше на истиот фенси список заедно со други елитни дестинации, како Сент Мориц, Марбела, Палм Бич и Монте Карло. Хотелот Лас Брисас беше изграден по стандард да може да ги прими и најголемите фаци на интернационалното општество (тие што уште немаа свои вили), а и љубовниците на богатите мексикански банкари.

tradingroute

Акапулко отсекогаш бил важен. Беше и најважното пристаниште на Нова Шпанија. Два пати годишно, од 1565 година, Галеонот од Манила (познати трговски шпански бродови) доаѓаше во пристаништето и носеше порцелан, свила, слонова коска и зачини од Кина, во замена за мексиканско сребро. Но, сé уште беше само рибарско село.

Тогаш, во 1920-тите и 30-тите, елитата на Мексико Сити ги откри недопрените плажи и перфектното време и почна да доаѓа во големи бројки. Кон тоа придонесе и фактот што кралот Едвард VIII – принцот на Велс, даде лично одобрение за местото. Потоа пристигна и џет-сетот (наречен така затоа што единствено тие богати луѓе можеа да си дозволат воздушно патување со авион), па по нив и уметниците. Во 1950-тите „на вратата“ на Акапулко затропа и Холивуд; Елизабет Тејлор се омажи со својот сопруг токму таму.

kenedi
Од медениот месец на брачниот пар Кенеди

Во 1965 година, сега непостоечката Браниф Ерлајнс го пушти првиот од редовните летови од Далас. Акапулко стануваше сé подостапен за масите, но сé уште беше место претежно за „големите“ и богатите. Се смета дека крајбрежниот ресорт е меѓу првите места што имаа дискотеки. Паралелно, важеше и за место каде политичарите често „паѓаат во неволји“. Хенри Кисинџер беше доста критикуван заради тоа што поголем дел од времето поминуваше таму, отколку во Вашингтон.

January 1968: Home of Eustaquio Escandon in Acapulco. It is where Henry Kissinger spent his honeymoon. A Wonderful Time - Slim Aarons (Photo by Slim Aarons/Getty Images)

Малку по малку, градот стана преполн. Автопатот од Мексико Сити донесе уште повеќе туристи. Наскоро се прочуја и други градови, како Кабо Сан Лукас, Манзаниљо и Канкун. Мексиканската елита, која живееше во затворени и оградени населби под 24-часовно обезбедување, сепак го преферираше Акапулко. Сепак, тоа беше една од најубавите обали во Мексико. Иронијата е што токму нивното тамошно присуство веројатно предизвика најголем дел од крвопролевањето.

Acapulco-Bay[1]

Прво и основно, елитата е најдобриот пазар за високо-квалитетната и скапа дрога. Второ, основната мотивација на нарко-босовите е класен напредок и влегување во круговите на елитата, па така не е изненадување што тие го сакаат, а можат да го купат, тоа што старото богато општество го има – во случајов, старите богати Мексиканци имаа вила на Акапулко. А вилата во Акапулко каде што живее нарко-бос е првото место каде што одиш за да го убиеш тој нарко-бос.

318DB79400000578-3464121-Guard_Acapulco_is_in_the_midst_of_its_worst_crime_wave_for_a_dec-a-20_1456506468065[1]

- Реклама -