Да се каже дека македонскиот е писмена форма на бугарскиот јазик е како Данците да речат дека Норвежаните зборуваат на писмена норма на данскиот, или Швеѓаните да тврдат дека норвешкиот е писмена форма на шведскиот. Се работи за бугарски јазичен импеpиjaлизам кој нема никаква реална основа, вели академик Виктор Фридман од Чикаго – светски признат лингвист и славист, за „360 степени“.
„Разликите меѓу македонскиот и бугарскиот јазик се на секое лингвистичко ниво – фонологија, морфологија, синтакса, семантика, било што. Има разлики меѓу бугарски и македонски јазик, дури и моите пријатели кои многу добро разбираат бугарски јазик, кога слушаат македонски ќе ми кажат – абе Виктор, ова е друг јазик, не го разбирам“, вели лингвистот, истакнувајќи дека човек кому македонскиот или бугарскиот му е мајчин јазик, ако го знае едниот јазик, нема да го разбере другиот. Целиот разговор погледнете го ТУКА.