Можеби тоа не изгледа баш најграциозно, ама ајкулите-чекан имаат добра причина да пливаат на страна: Кога се движат низ водата така ротирани под агол, тие ја намалуваат потрошувачката на енергија за околу 10 проценти, известува New Scientist.
За потребите на студијата неодамна објавена во Nature Communications, научниците го споредиле движењето на ајкулите-чекан со тоа на другите видови ајкули:
Сите ајкули имаат една грбна перка што им служи како кормило, и две странични што им помагаат да пловат. Ајкулите-чекан ги имаат истите, но ги користат малку поинаку. За разлика од другите, кај кои страничните перки се подолги од грбната, кај „чеканите“ е обратно – грбната е подолга. Кога пливаат навалено, практично го продолжуваат „распонот“, што ги прави подобри пливачи.
Притоа често го користат триков. Всушност, „често“ е благ збор. Следејќи пет вакви ајкули со акцелерометари и камери, научниците откриле дека ајкулите-чекан пливаат навалени под агол од 50° до 70 степени во 90% од времето.
Видете тука:
Или тука: