Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи денеска ги повика исламските земји ширум светот да ги прекинат сите врски со Израел наместо да му помагаат.
-Задача на сите исламски земји е да ја пресечат секоја артерија на израелскиот ционистички режим. Тие мора да ги прекинат своите политички и економски врски со Израел наместо да му помагаат, изјави Хамнеи за иранската агенција ИРНА.
Тој посочи дека ставовите и изјавите на претставниците на исламските земји понекогаш се погрешни.
-Тие зборуваат за прекин на огнот, но тој сега е во нивни раце, во рацете на ционистите. Исламските земји мора да го искористат тоа што го имаат, рече иранскиот врховен лидер.