AirVisual: Скопје шести најзагаден во светот, од утре се очекува расчистување

Како и за време на викендот, и денеска Скопје буквално се гуши. Регистрирани се високи концентрации како на штетните ПМ10, така и на уште поштетните ПМ2.5 честици.

Во Бардовци загаденоста со ПМ10 е 174 микрограми, на Водно 232 микрограми. Загадено е и во Кисела Вода со 383 микрограми. Во Драчево се измерени 232 микрограми, а во Ѓорче 270.

Авиосообраќајот се одвива отежнато.

Според индексот на квалитет на воздухот и загаденоста со ПМ2.5 честици, врз основа на податоците кои ги добива од Министерството за животна средина и просторно планирање, заклучно со податоците до 11 часот претпладне, AirVisual го рангира Скопје на шесто место на најзагадени градови во светот.

Во топ 10 друштво ни прави и Белград, рангиран на осмото место. Останатите градови меѓу најзагадените се главно од Индија и Кина.

Прочитајте и:  Рекордна загаденост на воздухот во Њу Делхи - 60 пати над максималниот праг

Според AirVisual, Скопје е во црвената фаза, што значи дека квалитетот на воздухот е „штетен по здравјето“. Се препорачува носење маска и користење на прочистувач на воздух.

Од утре и во следните денови AirVisual прогнозира расчистување на воздухот, пред сé благодарение на ветрот.

 

 

- Реклама -