Агресивен изглед крие дарежливост

Изгледот може да лаже, ако ви е потребен доказ тогаш оваа нова студија го дава. Студијата ги анализирала постапките на мажи кои изгледаат агресивно. Резултатот покажува дека мажите со лути и насилни лица се понаклони кон пожртвуваност за нивните најблиски пријатели.

Истражувањето, предводено од двајца психолози од Сејнт Ендрус Универзитетот во Шкотска, ја истражувало добродушноста на индивидуи со различни облици на лицето. Во минатото исцрпно истражување покажало дека односот помеѓу должината и ширината на човечкото лице е поврзан со антисоцијални тенденции како агресија, експлоатација и измама.

Што пошироко е лицето во однос на одредена должина толку се поголеми шансите дека таа личност ќе се однесува анти-социјално. Новото истражување пак наведува дека истите мерки исто така е поврзано со дарежливост кон блиските. Ова значи дека во семејство или пак група пријатели оние индивидуи со пропорционално пошироки – општо прифатени како поагресивни – лица исто така се поподложни на жртвување за останатите во групата.

Не само тоа туку тие го ставаат и доброто на нивната група пред себе си. Истражувачите тврдат дека ова откритие има еволутивна смисла: најагресивните членови на секоја група исто така имаат и силна желба за успех на групата и, навидум, се подготвени на сè за остварување на тој успех. [Men with aggressive faces are secretly selfless]

- Реклама -