Агелер за ставањето на Мерко на „црната листа“ на САД: Ќе продолжиме со прозивките, без оглед на функција или партија

„Народот на Северна Македонија заслужува интегритет од неговите јавни службеници и систем кој ќе ги повика на одговорност“, изјави американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер по повод одлуката на Стејт Департментот да го стави струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на „црната листа“ на САД.

„САД ќе продолжат да го прозиваат секого – без оглед на позиција или политичка партија – кој го поткопува владеењето на правото или е закана за напредокот и стабилноста на Северна Македонија“, порача Агелер во ставот објавен од Амбасадата на САД во земјава.

Прочитајте и:  Гаши - Агелер: Многу е важна улогата на Северна Македонија и САД во промовирање на регионалната стабилност
- Реклама -