Агелер по средбата со Бубевски: Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат правда и непристрасно одлучување

Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер денеска остварила средба со шефот на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, Гаврил Бубевски.

Како што информираат од Амбасадата на САД во Скопје на социјалните мрежи, Агелер на средбата со Бубевски ја изразила поддршката за независното обвинителство.

-Ја изразив нашата поддршка за независното обвинителство, кое е клучно за унапредување на владеењето на правото и евроатлантските интеграции на Северна Македонија. Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат правда и непристрасно одлучување, потенцирала амбасадорката Агелер, се посочува во објавата на американската амбасада.

- Реклама -