Постои едно африканско племе, кое негува еден од најубавите обичаи на светот.
Имено, доколку се случи некои од припадниците на племето да направи нешто погрешно и лошо, тие не го осудуваат. Напротив, се обидуваат да помогнат, да го потсетат колку навистина вреди, а сето тоа на еден многу специфичен и прекрасен начин.
Тие доаѓаат до личноста која што згрешила, ја носат во центарот на селото, каде подоцна се собира целото племе и наредните два дена сите го минуваат со таа личност, потсетувајќи ја на сите добрини кои ги направила во животот.
Ова необично племе верува дека секое човечко суштество се раѓа како добро, па секој во суштина сака мир, среќа, сигурност и љубов. Но, понекогаш, во потрага по овие благослови луѓето прават грешки кои оваа заедница ги гледа како апел за помош кон оној кој што ги направил. Поради тоа, тие се соединуваат во намера да го охрабрат, поткренат, повторно да го поврзат со вистинската природа, да го потсетат на она што навистина е! Тие помагаат се додека тој навистина не ја увиди грешката и помисли„Јас сум добар“.
„Shikoba Nabajyotisaikia” е еден од поздравите кои отсекогаш живеат во ова племе.
„NABAJYOTISAIKIA” е всушност комплимент кој значи „Јас те почитувам. Јас те чувам. Ми значиш“. Како одговор луѓето обично изговараат „Shikoba” што се преведува како „Јас, понатаму, постојам за тебе“.