Адвокатот Тортевски му замери на Героски: Немам против Катица да одговара, ама…

„Немам ништо против Катица да одговара доколку направила кривично дело, ама имам мноогу против во оваа фаза на постапката, Геро да кажува дека таа е сериозен кандидат за мерка притвор. Геро си зема овластувања на обвинител и судија заедно“, напиша познатиот адвокат Александар Тортевски на „Твитер“, коментирајќи ја денешната колумна на Бранко Героски, во која новинарот, меѓу другото, ја карактеризира специјалната јавна обвинителка како „многу сериозен кандидат за изрекување на мерката притвор“.

Во дел од колумната, насловена „Заев, Шеќеринска и Ременски го крунисаа ‘кралот’ Боки 13-ка, Заев мора да му ја симне круната и да го растури кралството на рекетот!“, Героски пишува:

„До овој момент… се истражува главно случајот на ‘трговија со влијание’ меѓу осомничените и бизнисменот Орце Камчев… Се чини дека во овој момент клучниот проблем на третирањето на овој дел од истрагата е неразумниот обид од списокот на осомничени да се изостави специјалната јавна обвинителка во оставка и да се занемари нејзината ролја во ‘трговијата со влијание’, која исто така е документирана. Нејзините невешти обиди за прикривање на доказите (преформатирање компјутери и телефони), пак, ја прават Катица Јанева многу сериозен кандидат за изрекување на мерката притвор“. Колумната на Героски можете да ја прочитате ТУКА.

- Реклама -