И адвокатите на Бучковски ќе ги плати државата

Државата ќе треба да ги плати трошоците за адвокатите на обвинетите и во предметот за „Тенковските делови“, откако денеска во самата завршница на судењето застаре делото на поранешниот премиер Владо Бучковски.

Како што пренесуваат медиумите, јавниот обвинител во завршниот збор изврши прецизирање на обвинителниот акт, со што, според новата квалификација, настапи застареност на кривичното гонење.

До преквалификација дојде откако повиканиот претставник на Министерството за одбрана и Државниот правобранител, кои беа сослушани по препорака на Врховниот суд, се изјаснија дека нема направено штeтa врз буџетот, по што обвинителот го преквалификувал делото во еден став погоре од Кривичниот законик, пренесува „а1он“. Повеќе ТУКА.

- Реклама -