Адријано и по третпат промаши празен гол (видео)

Бразилскиот напаѓач од редовите на украинскиот Шахтјор Доњецк, Луиз Адријано, дефинитивно си запишува свое место во историјата на клубот, но по неславните промашувања кои сѐ почесто ги демонстрира.

На синоќешниот натпревар од украинското првенство против екипата на Днипро, Бразилецот не реализираше пред празен гол, што е негово трето сосема еднакво промашување оваа година. За среќа, на крајот сепак Шахтјор Доњецк славеше со 2:1 и покрај тоа што уште од 9. минута имаше негатива од 0:1.

{youtube}xzkTz3monb4{/youtube}

- Реклама -