Пратеникот и потпретседател на Демократската унија за интеграција Арбер Адеми попладнево на прес-конференција рече дека како партија го поддржуваат Предлог-законот за амнестија. Со ова законско решение, како што посочи, биле запознати сите координатори на пратеничките групи.
„Пред да се усвои во Владата, од Министерството за правда ни го споделија драфтот до сите координатори на пратеничките групи. Однапред бевме известени за содржината на Предлог-законот за амнестија. Тоа е вистината. И на средбата со сите координатори што ја одржа министерот Лога исто така не извести за интенцијата на Министерството за правда водејќи се од реалната ситуација. Ги знаеме условите во затворите и затоа мислам дека интенцијата е добра. Треба сите да се грижиме за похумани услови во овие установи така што Демократската унија за интеграција го поддржува овој Предлог-закон“, рече Адеми.
МИА