Непосредно пред првиот дуел меѓу Хрватска и Македонија во Загреб минатиот месец, од Фудбалската федерација на Македонија контактираа со фудбалерот на Динамо Загреб со македонско потекло, Аријан Адеми во обидот да го добијат неговиот позитивен одговор за настап во македонскиот дрес.
На ден пред дуелот на двете селекции во Скопје, Адеми се одлучи да ни го испрати одговорот веројатно дефинитивно заблагодарувајќи ни се нам со јасно потенцирање дека единствено планира да игра за Хрватска. Адеми, кој има и македонски пасош, во изјава за „Вечерњи лист“ истакнува дека немал тешка одлука и без поголеми проблеми расчистил во кој дрес ќе настапува.
„Одлуката беше едноставна. Ќе играм за Хрватска и не размислував премногу околу тоа. Тука израснав, Хрватска ми даде сѐ, па сакам да настапува и натаму само за оваа земја“ изјави Адеми, кој остава отворена можност во иднина да настапува за Македонија, но само во случај да не успее да се избори за место во хрватската репрезентација.
„Македонија ми е втора опција и за неа ќе играм само ако Хрватска не ме сака“ јасен е членот на Динамо Загреб.
Но, дефинитивно по еден ваков став јасно е колку во иднина Македонија треба да смета на неговите услуги како негова „втора опција“. Веќе мора да биде категорично јасно и за македонските фудбалски челници дека е дојдено време да се запре со „упорната потрага“ по секој фудбалер со македонски корени кој притоа не чуствува ниту желба ниту обврска за настап под националното знаме, наспроти занемарувањето на вистински домашни сили. Претходно Македонија ја одбиле и Игњовски, Качаниклиќ, Шаќири…