Фронтменот на групата Maroon 5 го промовираше својот дебитански парфем кој ќе биде достапен во машка и женска верзија.За создавање на пафремот Адам се одлучил на соработка со позната компанија ID Perfumes, а резултатот несомнено e неверојатен и безвременски.
Женската верзија Adam Levin е синоним за силно изразена сексуалност и е комбинација од цветни ноти и миризливи зачини помешани со арома од индиски јасмин, австралиско сандалово дрво, ливчиња роза и ванила.
Машката верзија е со поведри ноти и е сооднос од мириси на мандарина, греипфрут, амбер , сандалово и кедрово дрво. Свежината е неизоставен дел од машкиот парфем.
Адам изјавува дека бил навлечен на создавањето на сопствен парфем. „Во нив сакав да ги пресликам оние нешта кои ме инспирираат, но и ја одразуваат мојата личност“ – изјавува тој. „Мојата идеја беше да создадам парфем кој се состои од цела палета ароматични нијанси, но во истовреме е интригантна и бодречка. “
Тоалетната вода ќе биде пуштена во продажба исклучително во продавниците Macy ‘s како и во истоимената интернет продавница.