Европскиот Парламент гласаше против потпишувањето на контроверзниот Anti-Counterfeiting Trade Agreement (ACTA). Со 478 гласови против и 39 за Парламентот го одби договорот.
Целта на договорот беше спречување на злоупотреба на авторски права на дигитални материјали и физички предмети но беше обвиен во контроверзи поради фактот што беше создаден преку тајни преговори. Покрај подржувачите и противниците 165 пратеници решија да се воздржат од гласање.
Џим Килок од Open Rights Group го пофали гласањето како „огромна победа за движењето, демократијата и за секој европски граѓанин кој побарал да се почитуваат неговите права. ACTA мора да биде напуштен. Комисијата мора да се откаже од нов обид.“
ACTA има намера да ја заштити интелектуалната сопственост на дигитална и физичка стока но беше поларизирачко прашање поради главно тајните преговори и предвидените криминални санкции за нарушување на авторски права преку интернет.
Договорот ќе ги затегнеше законите и дефинициите за кражба на авторски права што е особено контроверзно за корисниците на интернетот кој редовно споделуваат дигитални верзии на музика, филмови и софтвер.
За време на преговорите дури имаше гласини и дека ACTA предвидува и проверка на MP3 плеери на гранични премини за да се спречи шверцување на пиратирана музика, но оние кои учествуваа во преговорите го отфрилја тврдењето велејќи дека тоа било само еден од првите препораки. [European Parliament rejects ACTA piracy treaty]