Across the Universe – Музика за вашите очи!

acrossAcross the Universe е прекрасна приказна за љубовта и мирот, сместена во боемски расположениот Њу Јорк во шеесетите години од минатиот век. Спомнав дека е мјузикл во кои се вклучени триесетина песни од The Beatles? Идејата за овој филм толку и се допаднала на Salma Hayek што таа инсистирала да се појави, па макар и во епизодна улога. Но, не грижете се, ова не е сквернавење на делото на легендарниот бенд.

Across the Universe е прекрасна приказна за љубовта и мирот, сместена во боемски расположениот Њу Јорк во шеесетите години од минатиот век. Спомнав дека е мјузикл во кои се вклучени триесетина песни од The Beatles? Идејата за овој филм толку и се допаднала на Salma Hayek што таа инсистирала да се појави, па макар и во епизодна улога. Но, не грижете се, ова не е сквернавење на делото на легендарниот бенд.

Додека се снимал филмот, режисерката Julie Taymor била во постојан контакт со Paul McCartney и Yoko Ono кои ја поддржувале нејзината идеја, а McCartney присуствувал и на приватна проекција на Across the Universe.

Од снимањето
{youtube}uQfzFKh3UYE{/youtube}

Иако фикционална, целата приказна е инспирирана од легендарниот бенд, па така и имињата на ликовите се извлечени од нивните песни. Во филмот е сместена и песната Dear Prudence која John Lennon ја напишал за сестрата на актерката Mia Farrow, Prudence, за која мислел дека е во депресија.

{youtube}Q5b2tbIr1e8{/youtube}

Прочитајте и:  Паника во Холивуд, Клинт Иствуд (94) не дојде на премиерата на својот најнов филм: „Добар е, но многу е лут“

{youtube}IMk8GIOQHvY{/youtube}

Ликовите на JoJo и Sadie, чии имиња доаѓаат од песните Get Back и Sexy Sadie, јасно упатуваат на Jimi Hendrix и Janis Joplin, а местото каде свират е Cafe Huh?, според клубот Cafe Wha? каде навистина настапувале Hendrix и Joplin.

jojo_sadie

Во филмот играат Evan Rachel Wood, Jim Sturgess и Joe Anderson, а Joe Cocker е уште едно познато име кои има мала улога, поточно три мали улоги на различни луѓе кои ја пеат Come Together. Во епизодна улога се појавува и Bono кој ја пее I am the walrus и го вози психоделичниот автобус, сцени инспирирани од филмот на Beatles, Magical Mystery Tour од 1967.

{youtube}cqOKvonLrH8{/youtube}

{youtube}vTqcpmbuE7Q{/youtube}

Ако не сте сосема убедени, видете како звучи екипата во живо, а потоа сигурно ќе бидете подготвени да го засакате овој филм!

{youtube}iHdJY26l6Mw{/youtube}

- Реклама -