Се изгласа ли новиот Детален урбанистички план (ДУП) за местото Расадник, тоа ќе значи градежна инвазија во Кисела Вода, со бруто-станбена површина од над 837 илјади квадратни метри, објави „А1он“.
ДУП-от предвидува изградба на 100 нови згради со вкупна бруто-станбена површина од речиси 550 илјади квадратни метри (претходната бројка е поголема зашто опфаќа и куќи), во кои ќе се населат речиси 20 илјади станари.
Забелешки засегнатите граѓани ќе можат да поднесат најдоцна до 7 ноември, до кога трае јавната анкета во општината. Според „А1он“, граѓаните веќе собираат потписи за понишување и се подготвени со жив штит да го попречат гpaдежното цyнaми. Повеќе детали прочитајте и видео прилогот погледнете го ТУКА.