„А1он“: Станови, коли, кредити… Со што се подновиле и колку заштедиле обвинителите од СЈО во текот на мандатот?

Автомобили, автомобили за децата, станови, станови за децата, кредити и акции – вака изгледа отприлика стекнатиот имот на 11-те специјални обвинители четири години откако им започна мандатот во СЈО, објави „А1он“ по извршениот увид во анкетните листови кои обвинителите ги доставиле во Антикорупциска.

Со плати од 2.500 до 3.000 евра и надоместоци кои често ја надминувале и висината на платата, речиси и да нема обвинител што не се подновил со нов автомобил, а само обвинтелката Ленче Ристоска пријавила дека штедела. На пример, во 2017-та таа пријавила дека заштедила 6.000 евра, кои потоа пораснале на 18.000 евра, за годинава нејзината вкупна заштеда да изнесува 32.000 евра. Со што сѐ се подновиле останатите обвинители, прочитајте ТУКА.

 

- Реклама -