Додека Катица Јанева обвинува за „невидена медиумска хајка“, во јавноста продолжуваат да испливуваат спорни „случајности“ кои повеќе или помалку гравитираат околу специјалната јавна обвинителка.
По бројните контрадикторни информации околу „изгубениот“ втор телефон на Јанева, во јавноста одекна и станот кој е единствен имот што не бил замрзнат во случајот „Поштенска банка“ на СЈО. Купен е од екс-директорот на МЕПСО – Сашо Василевски, близок човек до Јанева, кој бил и член на Советот на јавни обвинители во моментот кога таа е избрана за специјален јавен обвинител. Повеќе детали прочитајте на „А1он“ (ЛИНК).