А во главната улога не е…

Повеќе... Индијана Џонс со мустаќи? Гандалф со шкотски акцент? Сталоне во Војна на ѕвездите? Еве една листа на некои бизарни и интересни кастинзи за кои размислувале режисерите. Им се нуделе улоги на разни познати фаци, но прашањето е дали тие биле вистинскиот избор за нив.


6639d.jpgИндијана Џонс со мустаќи? Гандалф со шкотски акцент? Сталоне во Војна на ѕвездите? Еве една листа на некои бизарни и интересни кастинзи за кои размислувале режисерите. Им се нуделе улоги на разни познати фаци, но прашањето е дали тие биле вистинскиот избор за нив.

1. Силвестер Сталоне во Војна на ѕвездите
Според Лукас, и Сталоне е земен во предвид за да ја игра улогата на Хан Соло, но заедно со уште 1.000 други кандидати. Очигледно, барале некој со подобар акцент.

2. Шон Конери – Господар на прстените

Шон Конери ја одбил улогата на Гандалф и во едно интервју изјави дека „не ја разбирал улогата“ заради што и не сакал да помине 18 месеци на проектот. Којзнае дали на публиката ќе им се допаднеше Гандалф со шкотски акцент.

3. Mick Jagger – ‘The Rocky Horror Picture Show’
Овој треш класик многу добро би му прилегал на пејачот на Ролинг Стоунс, но за жал – не се оствари неговата желба да настапи во тој филм.

4. Пол Макартни – Ромео и Јулија
eric-stoltz_l.jpgРeжисерот Франко Зеферели сакал да го види Макартни во улога на Ромео, но овој одбил под изговор дека снима албум, а и дека не верува оти е доволно добар актер за таа улога. Штета, во 1968 тој имал полно обожавателки кои веќе се замислувале како негови Јулии.

5. Eric Stoltz – Враќање во иднината
Актерот со детско лице Eric Stoltz беше ангажиран да го глуми младиот Марти во Враќање во иднината, но подоцна беше заменет со Мајкл Џ. Фокс. Тој имал подетинеста насмевка…

6. Џони Деп – Интервју со вампирот
Деп ја одби оваа улога, а интересно е што во кастингот после тоа повторно се најдоа еден куп згодни вампири – изгледа дека улогите им се нудеа на сите холивудски згодни момци.

1252420962_0.30572100_936_.jpg7. Том Селек – Крадците на изгубениот ковчег
Том Селек наводно бил земен во предвид за улогата на Индијана Џонс, но дошло до поклопување со снимањето на серијата Магнум. За среќа – инаку би имале Индијана Џонс со мустаќи.

8. Вил Смит – Матрикс
Вил Смит ја одби улогата, а подоцна изјави дека не жали бидејќи „Кеану бил брилијантен како Нео“.

michael-madsen-20070111-197201.jpg9. Мајкл Мадсен – Палп Фикшн
Се вели дека улогата на Винсент Вега од Евтини приказни била напишана токму за Мајкл Мадсен кој го играше Виц Вега во Касапски кучиња, но нам ни е познато само тоа дека Тарантино ги замислил браќата Вега и дека садистичкиот Виц никогаш не требаше да стане – забавниот Винсент.

200px-o.j._simpson_1990__dn-st-91-03444_crop.jpeg10. [[O._J._Simpson|O.J. Simpson]] – Терминатор
Ја изгуби улогата во Терминатор затоа што продуцентите се плашеа дека луѓето нема да го сфатат сериозно како убиец. Изгледа така мислеше и поротата во познатото судење против него (вооружен грабеж, закани со оружје, киднапирање…)!

А она за што вечно ќе се жали се неостварените настапи на Шарлиз Терон и Лив Тајлер во Showgirls, каде, доколку им се верува на трачевите, тие требало да глумат стриптизети. Е тоа е кастинг кој радо би го виделе.

- Реклама -