Microsoft со нова реклама за Windows 8.1 (видео)

Windows 8.1 лансирањето е на само неколку дена, па Redmond сака да се осигура дека сите се свесни кои се промените со неколку нови реклами.

Овојпат, компанијата ја употреби Walking Dead, телевизиската серија која веќе доживеа огромен успех во САД и која исто така беше искористена при промоцијата на Windows 8.

Windows 8.1 е подготвен, пуштен е во производство

Како и обично, Microsoft ги користи овие телевизиски реклами за да ги промовира можностите на допир кои постојат на Windows 8 и Windows 8.1. Сепак за новата верзија велат дека носи значителни подобрувања за Metro и за десктоп работните средини.

Windows 8.1 своето деби ќе го има на 18 октомври, а за него Windows 8 корисниците ќе можат бесплатно да го симнат од продавницата, како било која друга апликација.

Да се задржаме на рекламата, погледнете ја подолу.

[youtube]http://youtu.be/jD04ZH2BSag[/youtube]

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -