Сценариото за состаноци се менува во триесетите години. Веќе сте искусни, зрели и доста сте научиле од своите грешки. Тогаш почнувате да барате нешто повеќе од она што сте го очекувале во дваесеттите годинини.
Ситуирани мажи
Барате маж чиј што живот е среден, кој е ситуиран што се однесува до работењето. Таквиот маж ќе може во потполност да ви се посвети вам. Помладите мажи кои допрва „бркаат“ кариера се преокупирани со работата, за да ви се посветат онака како што вие очекувате.
Нека тече бавно
Порано веројатно сте уживале во тоа брзо да се впуштите во врска, но и брзо да излезете од истата. Меѓутоа, веќе сте свесни дека не треба да брзате. Дајте си време да оцените дали сакате да бидете во врска со некого. Доколку сте ја пронашле вистинската особа за вас, полека чекорете напред.
Време е за вас
Кога сте биле млади, со партнерот сте поминале најголем дел од времето и сте се впуштиле во доста заеднички активности. Во триесетите веќе сте зрела особа која треба да го поминува своето време правејќи го она што го сака, со парнерот, сама или пријателите.
Не одолговлекувајте ги проблемите
Доволно сте искусни и мудри да сфатите кога нешто не функционира и тогаш треба да бидете одлучни и да го решите тоа веднаш. Не треба да бидете емоционални, туку практични и да продолжите понатаму.
Пронајдете некој со кого можете да се поистоветувате
Веќе знаете доволно за себе и за вашата природа. Поради тоа треба да пронајдете некој кој е на истата должина и кој ќе ве прифати онакви какви што сте. Тогаш нема да мора многу да се прилагодувате и да правите големи промени.