Сјајната иднина на интервјуата за работа

Добри вести за сите што бараат работа. Ќе нема повеќе досадни и полни со предрасуди „контиња“ од одделите за човечки ресурси што ќе ве одбиваат на интервјуата за работа. Во блиска иднина, апликантите ќе имаат чест да бидат одбиени од машини.

Неколку нови компании работат на креирање алгоритми што ќе служат како основен погон за роботите задолжени за селекција на најдобрите кандидати за најмување. Најдобрите ќе бидат избрани со совршена математичка прецизност, без разлика на облеката, фризурата или свежината на здивот. Се што треба, во улога на конкурент, да направите, е успешно да завршите серија на задолженија на сосема ист начин како оние што биле успешни пред вас. Без грижи, задачите немаат многу блискости со работата што ве чека на потенцијалното работно место. Bloomberg ви дозволува да ѕирнете во иднината на најмувањето:

7d51bc26-5f72-4779-b9a4-c58ab1a5abe9.img

„Месецов, Juhl ќе почне со користење на онлајн видео игра дизајнирана да ја следи, снима и анализира секоја милисекунда од однесувањето на играчот-апликант. Креирана од Knack во Поло Алто, Калифорнија, „Wasabi келнер“ ги сместува конкурентите во чевлите на келнер во суши-ресторан, чија задача е да го идентификува расположението на нацртаните гости и навремено да им сервира храна што одговара со нивната емоција. Додека времето на часовникот истекува, апликантот ќе мора да се погрижи и за валканите чинии во мијалникот, во исто време внимавајќи и услужувајќи ги тазе-пристигнатите гости во ресторанот.“

robot_hand_bekey_9

Користејќи околу мегабајт информации за секој кандидат, софтверот на Knack ќе мери разни атрибути кои научните студии ги поврзуваат со работните перформанси, вклучувајќи ја и совесноста и капацитетот за препознавање туѓи емоции. Играчите ќе добијат и резултати во форма на поени, кои ќе им ги наговестат шансите за добивање на работното место.

Бидете во чекор со светот и подгответе се за иднината. Без разлика на вашата професија, усовршете ги вашите келнерски вештини додека е време!

- Реклама -