Светот е полн со суеверни луѓе кои се убедени дека треба да следат смешни ритуали за среќа… Но, ако токму овие луѓе ни кажат дека треба да пиеме чаша мачја урина секое утро, за да имаме среќа како нивната, можеби би се обиделе да видиме дали функционира. Шалата на страна и среќата пред нас. Прочитајте за најсреќните луѓе на светот.
Жена си купува по грешка два профитабилни билети за лотарија
Дали некогаш ви се случило да сте биле во продавница и да не се сеќавате дали сте купиле едно или две третрапак млеко? Овој инцидент е сличен, само што наместо да си замине со две шишиња млеко, оваа жена „излегла“ со два куфери пари.
Една австралијка имала неделен обичај да си купува билет за лотарија од супермаркет во Мелбурн. Една недела сепак заборавила дали веќе си купила таков, па затоа си купила втор. Следната недела се шокирала кога дознала дека и двата билети се профитабилни, а нејзината добивка е 383 000 долари … од секој билет.
Маж купил за 50 долари, слика која чини 388. 000
Пензионираниот очен хирург Робин Дарвел бил на аукција каде освоил картон со разгледници за 50 долари . Едно нешто сепак му го привлекло погледот – мала слика на која имало речиси целосно избледен потпис.
Минатите десет години сликата собирала прав во некоја фиока. Синот на Дарвел наишол на некакви документи и се сетил како неговиот татко истакнал дека личи на слика од познатиот сликар Џон Констабел, но сите од семејството превртувале очи.
За негова среќа, синот добил оценка од ТВ шоуто „Вистински детективи” и се покажало не само дека старецот бил во право и сликата навистина е на Констабел, но уште поважно, чинела 388 000 долари.
Казино по грешка му дало 1 милион долари на маж со исто име како победникот, и двајцата заработуваат
Кевин Луис од Синсинати, Охајо имал големи надежи, кога влегол во казиното Хорсшу во еден кобен ден. Во меѓувреме, Кевин Луис од Синсинати, Охајо , седел во друга секција на казиното, мислејќи како да заработи пари. Се покажало дека и двајцата дошле на вистинското место.
И двајцата Кевин учествувале во месечна томбола за милион долари и едниот од нив заработил милион. Благодарение на истото име, роден град, раса и количество коса, казиното јавно го поздравило погрешниот Кевин за победата – и тоа пред телевизиските камери.
Тогаш ја сфатиле грешката и одлучиле да му ја дадат наградата на вистинскиот Кевин, но да му дозволат и на другиот да ги задржи парите.
Норвежанец чувал на таванот непозната слика на Ван Гог
Погледнете ја вашата визба и сигурно ќе се судрите со некоја несакана слика фрлена таму пред многу години. Во случајот на еден човек од Норвешка, сликата останала доста важна.
Откако еден музеј направил проценка на сликата, пред многу години, информирајќи го сопственикот дека не чини многу, тој ја сместил истата на таванот. Но, сепак подоцна тој решил повторно да убеди експерти да ја погледнат. Тогаш откриле дека всушност се работи за слика од некој си Винсент.
Токму така, платното кое собирало мувла на таванот, се покажало дека е непозната слика на Ван Гог, и тоа, првата откриена по 1928г. Ван Гог дури и говорел за оваа слика – која веќе е во рацете на приватен колекционер – споменувајќи ја во писмо кое го испратил на 4 јули 1888г.