Фил Блер претседателот на HTC Europe потврди дека нивниот премиум смартфон HTC One конечно ќе добие ексклузивна златна верзија која ќе биде наменета за купувачите кои сакаат луксузни предмети.
За разлика од iPhone 5S кој доаѓа со три бои на маската меѓу кои и популарно наречената златна верзија, HTC One ќе биде обложен со вистинско злато, што значи дека неговата цена ќе биде драстично повисока.
HTC One ќе биде обложен со 18 каратно злато и за прв пат ќе биде претставен на MOBO 2013 наградите во категоријата Најдобар дебитант на пазарот. Цената на златниот HTC One ќе изнесува високи 4.400 долари.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk