Алекс Солис е американски илустратор и графички дизајнер што обично црта илустрации за печатење на маици. До сега, 27 од неговите дела се испринтани.
Со едноставен, хумористичен, пријателски настроен и препознатлив стил, неговите илустрации, макар и минимално, ќе ви го разведрат расположението, а можеби и ќе ви дадат идеја што да порачате ако имате навика самите да си печатите облека.