Црвенокосите жени сакаат најмногу секс

Претставничките на понежниот пол со црвеникава коса уживаат најголеми дози сексуални искуства, покажува една студија направена од германскиот сексолог Вернер Хабермел.

Во експериментот учествувале околу 100 Германки  со различна боја на косата. Хабермел ги објаснува резултатите на тој начин што тврди дека црвената боја е ретка нијанса, а огнените тонови потсвесно се провокативни и го стимулираат машкото либидо, па жените се препуштаат целосно на страстите.

Тој исто така додава дека црвенокосите жени имаат повеќе партнери и почести сексуални односи, споредбено со општоприфатените норми.

„Голем број жени кои се во стабилна врска и одлучуваат да ја офарбаат косата црвена, сакаат да му дадат знак на партнерот дека веќе се подложни на здодевноста, а промената на фризурата е израз на нивната решителност и подготвеност за прифаќање на нов човек во нивниот живот “, додава уште научникот.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

Од друга страна германскиот психолог  пак, смета дека тоа не е проблем на жената, туку на посилниот пол.

„Црвеното е симбол на страста и кога мажите гледаат таква жена  мислат дека се соочуваат со личност со која нема да има никакви табуа во  сексот “.

- Реклама -