Традиционално на првиот петок во октомври, во светот се одбележува Светскиот ден на насмевката. Негов основач е авторот на Смајли – насмеаниот жолт симбол, Харви Бел. Смајлито е создадено во 1963 година во рамките на рекламна кампања, но денес е еден од најпопуларните знаци, кои интензивно се употребуваат во светот на интернетот. Денешниот ден е посветен на добротото расположение и добрите дела. Неговото мото, измислено од Бел, е „Направи добро. Помогни му на некого да се насмее”. Празникот се одбележува за првпат во американскиот град Ворчестер на 1 октомври 1999 година илјадници кога студенти испраќаа картички со насмеаното лице во болници.
Насмевнете се 🙂