Официјално: WarCraft филмот доби дата за премиерата!

Филмот кој со големо нетрпение го очекуваат огромниот број на фанови на Warcraft игрите ќе го гледаме на…

Филмот кој со големо нетрпение го очекуваат огромниот број на фанови на Warcraft игрите ќе го гледаме на 18-ти декември 2015.

Уште од порано се знае дека режисер на филмот ќе биде Данкан Џонс (Moon и Source Code), а Чарлс Левит (Blood Diamond, K-PAX) ќе го напише сценариото. Legendary Pictures кој ги донесоа 300, Inception, Man of Steel и The Dark Knight трилогијата, заедно со Universal Pictures се задолжени за финансирањето на филмот за кого се шпекулира дека ќе има буџет поголем од 100 милиони долари.

Во снимањето на филмот ќе биде вклучен и под-претседателот на Blizzard, Крис Метзен како ко-продуцент, кој би требало да помогне да се долови атмосферата од игрите во филмот.

Снимањето ќе започне на почетокот на идната година, а официјални информации за кој се ќе глуми во филмот се уште нема.

Сето ова дава надеж дека ќе видиме филм кој заслужува да го носи името WarCraft и ќе ги задоволи вкусовите на огромниот број на фанови на игрите.

Текстот е објавен во соработка со МкКод

- Реклама -