Науката најде начин да го „исклучи“ гладот!

Науката пронајде „лек“ против гладот. Само што, вклучува ласерски зраци кои преку вашите очи ќе го контролираат вашиот мозок.

Во време кога прекумерната тежина зема се повеќе замав во развиените земји, истражувачите се обиделе да ја најдат причината во мозокот, па нормално, прво се обратиле кај своите миленичиња – експерименталните глувци. Неодамнешната студија резултира со тоа што научниците претпоставуваат дека го откриле делот од мозокот што дозволува прејадување, но и начин како да го „исклучат“.

article-2440042-186E7EC400000578-7_634x367

Тие ги модифицирале заморчињата така што специфични таргетирани неврони различно ќе реагираат на ласерска светлина. Кај едната група, ласерот ги активирал таргетираните зони, а кај другата – ги исклучувал. Кога невроните биле исклучувани, глувците одбиле да јадат, без разлика колку биле гладни. Кога биле активирани, не престанувале да јадат додека не стигнале до прејадување.

Долгорочните апликации можат да значат потенцијален крај на глобалната епидемија на дебелина, што го прави ова истражување прилично важно. А да си признаеме, би ни користел и по некој ласер во кујната, близу фрижидерот, особено за време на есенските вечерните часови кога досадата ја лечиме со грицки.

- Реклама -