Поголемо е подобро? Проверете каков пенис ви одговара

Поголемото не е секогаш подобро. Важно е како ви се совпаѓаат анатомиите. Големината, формата и ширината на пенисите варираат, како и величината и обликот на градите.

Дали сте се запрашале што го прави сексот со некој маж фантастичен, додека со друг, без оглед на тоа што се вљубени во него, едноставно не е така добар? Имаме одговор!

Ништо повеќе не ви дава сексуална самодоверба како сознанието дека кога вашите тела се спојуваат ќе си поминете одлично. И посебно ве копка тоа што не сте лудо вљубени во него како што сте биле во поранешниот со кој во кревет имало помалку експлозија и радости? Во што е работата? Едно неодамнешно истражување објавено во „The Journal of Sexual Medicine“ открива дека на жените им е полесно да доживеат оргазам ако пенисот на нивниот партнер е поголем. Сепак, работите не се така едноставни затоа што и женската анатамија, како и машката е разновидна во поглед на формите и големините. Поголемото не е секогаш најдобро, туку работата е во тоа како вашите анатомии се сопаѓаат.

Земете му мерка

Scientists-Reveal-Average-Penis-Size-In-Recent-Study

Големината, формата и ширината на пенисите варираат, како и големината и формата на градите. Студијата спроведена на Универзитетот Улстер открива дека просечниот пенис во ерекција е долг околу 14 сантиметри и има обем од 12 сантиметри, а големината на машкоста паѓа за три сантиметри и во обем и во должина кога не е во ерекција.

Димензиите под 7 сантиметри се сметаат за микропенис, а сите над 16 спаѓаат во категоријата XXL.

Земете му мерка на сегашниот или идниот партнер и ќе дознаете која големина ви одговара во зависност од задоволството што го доживувате за време на сексот.

- Реклама -