Научници направиле мини црна дупка

 

Кинезите се послужиле со мал трик: користејќи лист пластика, имитирале ефект на гравитација, менувајќи го неговиот индекс на рефракција, особина која одредува колку некои супстанци ја искривуваат светлината.

Научниците од универзитетот Накинг во Кина направиле „вештачка црна дупка“ која може да ја „зароби“ светлината баш како и вистинската. Ова е прва ваква структура, природна или вештачка, која можеме да ја посматраме додека функционира. Кинеската црна дупка, за разлика од вистинската, не е опасна, но им попмага на научниците да анализираат еден од најмистериозите феномени (не)познати меѓу луѓето.

Наместо да направат вистинска црна дупка, која би го проголтала сиот материјал во лабораторија, Кина и остатокот од планетата и сончевиот систем, Кинезите се послужиле со мал трик: користејќи лист пластика имитирале ефект на гравитација, менувајќи го неговиот индекс на рефракција, особина која одредува колку некои супстанци ја искривуваат светлината.

Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи

Материјалот со индексот на рефракција кој константно се менува ќе доведе до многу мали кривини кои екстремно ја „буткаат“ светлината, баш како што тоа го прави црната дупка (за изградба на „црната дупка“, биле користени толкму оние едначења кои ја одредуваат  кривината на светлината под влијание на вистинската црна дупка). Осветлувајќи ја оваа симулација со ласерски зрак, Кинезите успеале да го визуелизираат она што досега никој не успеал – црната дупка во акција.

- Реклама -